Доста познат бренд на цигари кој во Македонија се продаваше за 170 денари до вчера, од денес се продава десет денари поскапо и чини 180 денари.
Интересно е што ова поскапување не е предизвикано од државата, бидејќи акцизата ќе се зголеми дури на први јануари.
Информацијата за поскапувањето на дел од брендовите на цигари ја потврди и Centar.mk во еден од маркетите.
Голем дел од граѓаните пазарат цигари од соседните земји или од фришопови токму поради поевтините цени, кои во фришоповите се драстично поевтини.
Од први јануари кутија цигари треба да чини околу 5 денари поскапо
Цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари поскапуваат од следната година, кога стапуваат во сила измените на Законот за акцизите. Собранието ги усвои овие измени на 3 октомври.
Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија.
Дополнително, со усвоените измени, секој 1 јануари до 2030 година, акцизата на цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче.
Ваква законска одредба имаше и досега, но таа истече годинава.