Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денари. Со тоа, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,00 ден/лит.
Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 ден/литар и со тоа ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се точи за 80,50 ден/лит, додека екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 80,00 ден/литар.