Аурора бореалис, попозната како поларна светлина, во некои делови на Војводина создаде спектакл на небото каков што ретко се гледа на нашите простори. Феноменот во кој небото блеска и проткаено со светли нијанси најчесто се забележува во скандинавските земји, во Русија, во Алјаска, Исланд, а кај нас ги шокираше мештаните од Сомбор, Врбас, Нова Црња, Вршац, Бачка Паланка и други места во Војводина.
Медиумите од БиХ и Хрватска јавија дека поларната светлина е забележана и во овие земји. Инаку, станува збор за уникатен феномен, поларната светлина, која настанува поради силна сончева бура, а наводно ја најавува зимата со температури до минус 20 Целзиусови степени.
- Аурора бореалис вчеравечер можеше да се види и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.
Поради силните соларни бури, поларната светлина е видлива речиси до самиот југ на Европа, а може да биде така и следната вечер - објави во неделата вечерта порталот Hailz Србија.
Метеорологот Иван Ристиќ вели дека Сонцето има свои периоди на активност на секои 11 години.
- Кога сончевата активност ќе го достигне својот максимум, има големи ерупции на плазмата и самиот центар на Сонцето. Дел од таа плазма ја напушта сончевата орбита и, кога ја напушта, се нарекува сончев ветер. Сончевиот ветер патува низ нашиот Сончев систем и дел од тие плазма честички стигнуваат до Земјата, каде што магнетното поле го насочува кон север и југ, кон половите. Аурора бореалис постои и на северниот и на јужниот пол - објаснува Ристиќ.
Целиот текст е на faktor.mk