Ова се податоците презентирани во последниот извештај на Autoscout24, еден од најголемите сајтови за продажба на половни автомобили во Европа, кој додава дека покрај просечната цена, во опаѓање е и самата понуда.
Просечната цена на половен автомобил во октомври е за 0,9% пониска отколку во септември, а единствените кои забележаа поскапувања се ЕВ, кои исто така се за 1,2% поскапи, покажуваат податоците собрани од Autoscout24.
Најмногу падна цената на луксузните возила (2,7%), а на веб-страницата се нагласува дека ова е седми месец по ред како цените паѓаат, но дека октомври е индикативен бидејќи наесен, по летното затишје, трговијата со автомобили вообичаено се зголемува.
Возилата стари помалку од една година се поевтини за 0,9%, додека моделите стари од 10 до 20 години се за 0,4%.