Во октомври, првенствено поради работењето на мрежата, на железничките станици пристигнале точно, што подразбира со максимум шест минути доцнење, само 58,6 отсто од возовите, соопшти во петокот Дојче бан.
Германската железница доцни и на станиците и во своите цели во однос на точноста. Во октомври, првенствено поради работењето на мрежата, на железничките станици пристигнале точно, што подразбира со максимум шест минути доцнење, само 58,6 отсто од возовите, соопшти во петокот Дојче бан – германската државна железница, пренесува ДПА.
Сепак, Дојче бан на почетокот на годинава си поставија цел повеќе од 70 отсто од поаѓањата на возовите да бидат на време.
„Со просечната точност од 66 отсто во првите 10 месеци од годината, јасно е дека целта веќе не е достижна“, изјави портпаролот на Дојче бан.
Оправдувањето за октомври е дека за првпат повеќе од три-четвртини од возовите на линиите на кои сообраќаат поминувале низ најмалку едно место на кои се вршат градежни работи на железничката мрежа. Најголемо влијание на каснењето на возовите имале непредвидените градежни работи на главните пруги.
Од средината на октомври на каснењата на возовите придонеле и воведените гранични контроли во меѓународниот сообраќај.