Со помош на Translate апликацијата ќе можете да ја користите камерата на вашиот паметен телефон за превод на текст. Станува збор за опција која ќе ви биде од голема корист бидејќи со нејзина помош ќе можете да преведувате знаци или ракописни белешки.
Апликацијата преведува 103 јазици, а дури 59 се достапни дури и кога немате пристап до интернет. Ова е совршено доколку сакате да си го олесните преведувањето и да не мора рачно да го впишувате поимот.
Се што треба да направите е да го фотографирате поимот што сакате да го преведете и да го изберете јазкот на кој сакате да ви биде преведен истиот. Апликацијата ќе изврши скенирање на фотографијата и корисникот ќе треба со прст да го означи текстот што сака да му биде преведен. Откако посакуваниот текст ќе биде означен, апликацијата ќе изврши превод на одбраниот јазик. За да имате пристап до оваа апликација треба да користите барем Android 2.3.
Апликацијата содржи уште една корисна опција. Со нејзино користење можете да извршите преведување на вашите смс пораки секогаш кога ќе имате потреба од тоа.