Експертите не веруваат дека владата ќе посегне по зголемување на границата на тарифните блокови бидејќи ќе предизвика огромни проблеми. На пример, во тарифниот блок 3 можат да влезат голем број домаќинства кои имаат ниски примања и нема да можат да ги плаќаат високите сметки за струја
Доколку владата ја зголеми само цената на струјата во тарифните блокови 3 и 4 тогаш ќе бидат засегнати само дел од фирмите, како и домаќинствата кои се греат на термо-печки или други грејни тела на струја и ги вклучуваат подолг период на скапа струја, односно дење. За нив струјата ќе биде поскапа. Но, ако се размислува за поместување на границите на тарифните блокови, тогаш ќе настане проблем со опфатот на домаќинствата кои со потрошувачката на струја се на границите на блоковите, велат енергетски експерти по најавата на Владата дека ќе се прошируваат тарифниот блок 3 и тарифниот блок 4 за да се постигне намалување на субвенционирањето на струјата на 60% следната година.
Според експертите, најдобро решение на проблемот би било да се оспособат домашните енергетски капацитети да произведуваат доволно струја за задоволување на потребите на регулираниот пазар со сегашните цени на струјата, која ја нуди ЕСМ.
Целиот текст ТУКА