Македонската метропола утрово е во топ 10 најзагадени градови во светот. Според утринското мерење што го направи познатата интернет страница за мерење на загаденоста на воздухот во светските метрополи IQair.com, Скопје е рангирано на седмо место.
Во објавата во 10:10 часот, се наведува дека Индексот на квалитетот на воздухот во Скопје е 158, при што е најголемо загадување со концентрацијата на ПМ2,5 честички (70 единици на м3) и на ПМ10 честички со 91,7 единици на м3.
– Воздухот е нездрав. Тоа е концентрација на ПМ2,5 честички којашто е за 14 пати поголема од годишната вредност на Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација – стои во објавата на IQair.com и оттаму препорачуваат дека граѓаните во вакви услови да носат заштитни маски, да не отвораат прозорци и да не возат велосипеди.