Имено, согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје утре, на 29 ноември (среда), треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, тоа нема да важи за службите за граѓански работи на МВР, кои и двата дена ќе работат редовно, со полно работно време. Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини.
