Кога го преуредувате домот не го менувате само естетскиот изглед на вашиот простор, туку оваа промена може да има многу поголемо влијание врз вашиот живот, па дури и да ве мотивира да промените некои животни навики.
Домот треба да биде простор каде што ќе можете да се отпуштите и релаксирате, но и простор каде што ќе можете да најдете мотивација и инспирација за да се соочите со секојдневните животни предизвици.
Самото преуредување на домот може да биде забавна и креативна активност преку која ќе го изразите вашиот индивидуален стил. За реновирање и преуредување се потребни финансии, но најважна е идејата и мотивација да се создаде своја лична оаза на мир.
Направете детален план
Ако немате план, преуредувањето на домот може да ви предизвика фрустрација и да ви стане уште една од многуте обврски што ги исполнувате без задоволство. Не сакате да се случи ова, напротив, преуредувањето треба да биде процес во кој ќе уживате, а тоа најлесно ќе го направите ако направите детален акциски план.
Земете го вашиот телефон или некое тефтерче и направете неколку табели за вашиот буџет, желби и цели. Кога ќе ги имате пред вас вашите финансии, клучните работи што мора да се променат, како и идеите за дизајн, тогаш ќе ја имате основата за успешно преуредување.
Можете да направите и табела во која ќе ги запишувате сите промени што можат да се направат, а нема да го оптоварат вашиот буџет, како пренамена на постојниот мебел, просторно реструктурирање или продажба на старите елементи.
Инспирирајте се на Pinterest
Pinterest е многу популарна платформа каде што корисниците можат да откриваат и зачувуваат идеи за различни теми, а доколку барате инспирација за преуредување на домот и за внатрешен дизајн, на оваа платформа веднаш ќе најдете толку многу различни идеи што дури, можеби, ќе имате и проблем да се решите како ќе го преуредите домот.
Тука ќе најдете различни стилови, шеми на бои, аранжмани за мебел и идеи за декорација. На платформата ќе можете да направите табели каде што ќе ги организирате сите ваши идеи што ќе ви помогне да развиете јасна визија за тоа како сакате да го преуредите домот.
Доколку обожавате да бидете мајсторот по дома, тогаш на Pinterest ќе најдете многу идеи и решенија од типот „направи сам“ со кои можете да направите големи промени, дури и со ограничен буџет.
Ако сакате да заштедите пари, а истовремено да дадете ваш личен белег на преуредувањето на домот, тогаш на оваа платформа ќе најдете голем број упатства, совети и идеи за пренамена на мебел, реставрирање и декорација.
Обезбедете алат
Замислете дека сте среде преуредувањето и сфаќате дека ви недостига бормашина или чекан. Не ризикувајте да ја загубите смиреноста и да ги одложите промените во просторот што сакате да ги направите.
За да го избегнете ова сценарио, претходно ставете го на куп целиот алат што го имате и така многу полесно ќе сфатите дали ви недостига нешто. Тоа што недостига можете да го позајмите од вашите пријатели и соседи или да го купите од некоја од многуте продавници, а за најбрзо решение, проверете што има од алати на Ananas. Како што споменавме и погоре, ако имате детален план за преуредување, кој вклучува и организација на алатот, преуредувањето ќе биде многу полесно и пократко.
Набавете бела техника и апарати за кујна на попуст
Белата техника е многу важна за добро организирано домаќинство, а разните кујнски апарати и други мали куќни апарати можат да направат голема промена во вашата кујна.
Доколку размислувате преуредувањето да го направите во овој период, пред почетокот на новата година, тогаш најдобро би било да ги искористите попустите за Black Friday и да купите економична бела техника по пристапни цени.
Проверете ги понудите по трговските центри, а особено внимание посветете на понудата која ја нудат онлајн продавниците. Тие нудат и достава на производите до дома, што може да ви ги олесни транспортот и инсталацијата.
Корисен совет при правење онлајн нарачки е детално да го прочитате упатството за производите бидејќи на тој начин ќе се уверите дека ги купувате тие што, навистина, одговараат на вашите потреби.
Уредувањето на домот треба да биде креативен и забавен процес
Кога ќе го уредувате вашиот дом, имате слобода да се изразите преку бои, внатрешен дизајн, уметнички дела и декорација. Купувањето нови елементи за домот е секогаш инвестиција во вас и во благосостојбата на вашето семејство.
Направете детален план, истражете идеи и инспирација на Pinterest или на некоја друга платформа за дизајн и инспирација, а потоа тргнете во потрага по алатките, мебелот и апаратите што ви се потребни за да го направите вашиот дом лулка на мирот и совршено место за релаксација.