Цената на златото руши рекорди и за прв пат е над 2.100 долари. Во 12:24 часот по средноевропско време златото поскапе за 2,19 отсто , а се продаваше за 2.114,40. долари за унца. Потоа, цената продолжи со остриот раст и достигна 2.134,43 долари - пишува faktor.mk
Златото денеска ја надмина цената што ја имаше во мај 2023 година од 2.079,08 долари за унца.
Иако претседателот на ФЕД Џером Пауел повтори дека американската централна банка е подготвена повторно да реагира и да ја заостри монетарната политика доколку е потребно, тој ја увери јавноста дека ФЕД ќе го стори тоа претпазливо, затоа што „ризикот од премногу или премалку затегнување станува избалансиран“, пренесува Телетрејдер.