Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со телесно оштетување, лицата со интелектуална попреченост, бубрежно болните, лицата со аутистичен спектар на однесување, како и инвалидите на трудот, оние што примаат инвалидска пензија и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз може да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на Градот Скопје.
За остварување на правото на повластено користење на јавниот градски превоз во 2024 година, заинтересираното лице со попреченост треба да поднесе барање до здружението на граѓани во кое членува. Здруженијата се задолжуваат да приложат список за членовите што претходните години земале билети и со изјава да ја потврдат неговата веродостојност.
За новите баратели на билети, потребно е да се изготви список и да се приложи соодветна документација. Здружението го доставува конечниот список до Градот Скопје, најдоцна до 20.12.2023 година, затворен во плик, со дознака: до Одделението за социјална, детска и здравствена заштита – за повластен јавен градски превоз, да се достави во Архивата на Град Скопје, барака 16.
За дополнителни информации, претставниците на здруженијата може да се јават на телефонските броеви 3297-278 и 3297-321.