Се чини дека противењето на големите производители на возила од Стариот континент за лесно и брзо откажување од возила што користат фосилно гориво се повеќе допира до челниците на Европската Унија и Европската Комисија (ЕК)…
Изборите во Европскиот парламент што ќе се одржат во наредната 2024 година можат да влијаат на промената во наведената насока означена во насловот на информацијата.
Доколку мнозинството во Европскиот парламент се промени по изборите во средината на наредната 2024 година, тоа може да има последици за веќе донесените одлуки.
Имено, Манфред Вебер (Manfred Weber), претседателот на конзервативната група во Европскиот парламент, сака да ја укине одлуката за забрана на користење на моторите со внатрешно согорување во Европската унија од 2035 година.
„Доколку мојата група може да обезбеди мнозинство по европските избори, ќе ја укинеме забраната за оваа одлука донесена од Европскиот парламент во овој мандат“, најави Вебер, пренесува Electrive.com.
Основната забрана за мотори со внатрешно согорување за нови автомобили и лесни комерцијални возила во ЕУ беше усвоена на крајот на март, но конзервативците извршија ревизија на регулативата до 2026 година.
Вебер сака да го искористи токму тоа и да ја откаже и, како што вели, да ја исправи оваа погрешна одлука, која ја донесоа црвено-зелените партии, а која доведе до огромни проблеми во ЕУ (особено за автомобилските гиганти на Стариот континент (Stellantis. Во чии рамки се Fiat, Citroen, Peugeot, Opel, Chrysler, Jeep, Dodge, Fiat, Alfa Romeo Lancia, Maserati, пото Volkswagen Group (Volkswagen, Audi Skoda, Seat< Cupra, Lamborghini, Porsche, Bugatti, потоа Renault – Nissan – Mitsubishi со Dacia) , истакнал Вебер.
Од друга страна, германската либерална партија FDP продолжува да се бори за моторите со внатрешно согорување да се дозволи да се регистрираат по 2035 година, доколку технички се осигура дека користат само синтетички горива. Затоа и од нивна страна не му беше ставен крај на моторот со внатрешно согорување по 2035 година.
Изборите во јуни 2024 година се многу важни за е-мобилноста, што го виде и Stellantis, кој најави дека електрификацијата е забавена и дека изборите за Европскиот парламент и изборите во САД следната година се клучни и можат да доведат до пресврт во јавното мислење и политика на тема електрични автомобили.