Секои божиќни и новогодишни празници многу луѓе сакаат само да се одморат и бараат некоја далечна дестинација. Анализата на податоците од глобалното пребарување на интернет покажа дека Лондон, Виена, Парис, Барселона и Њујорк се меѓу најбараните дестинации за божиќните одмори, а причината е нивниот неодолив шарм.
Иако европските градови се во водство, Њујорк има своја посебна празнична атмосфера и привлекува посетители од целиот свет. Додека многу земји како што е Јапонија претпочитаат Божиќ во некој европски град како што е Виена, други како што се Тајланд и Јордан го преферираат Токио за Божиќ.
Европејците, посебно тие од Австрија и од Германија, имаат тенденција да останат во Европа во текот на Божиќ и да ги посетат блиските европски дестинации како Виена и Нирнберг, а од друга страна, многу патници од Канада, САд и Австралија радо патуваат многу далеку од дома. Американските авантуристи кои ќе одлучат да патуваат во странство имаат посебен афинитет за Виена, но и за Париз, Барселона и Квебек Сити. Мнозинството од Американците кои остануваат блиску до дома сакаат да одат во Бренсон, Мисури или Чикаго.
Луѓето од некои сончеви држави како што е Калифорнија сонуваат за снежен Божиќ во Левенворт или Вашингтон, а тие од Азирона ги привлекуваат светлата на Лас Вегас. Наместо да одат во Европа, жителите на Алабама, Алјаска и Хаваи се маѓепсани од американските божиќни дестинации како Ливенворт, Вашингтон и Хелен во Џорџија. Овие места се познати по традиционалниот Божиќ во баварски стил.
Иако не е секој град од листата подолу главен град на некоја земја, престолнините се некои од најпопуларните божиќни дестинации за патници од целиот свет, посебно во Европа. Освен Њујорк, сите осум најдобри дестинации се во Европа. Ова е целосната листа со топ 15:
-Лондон
-Виена
-Њујорк
-Париз
-Будимпешта
-Прага
-Мадрид
-Брисел
-Токио
-Стразбур
-Минхен
-Копенхаген
-Нирнберг
-Амстердам
-Берлин