Здравствениот систем во Македонија на стаклени нозе
Од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ за весникот ВЕЧЕР посочуваат, во иднина да нема вработување на договор на дело, туку само преку официјални конкурси, бидејќи тоа е деградација на овие вработени кои дадоа сè од себе кога беше ковид-пандемијата.
Според нив за сестрите потребен е целосен системски ресет, започнувајќи од образованието па сè до вработувањето, но ако не се стори тоа, во иднина ќе има сериозен недостаток на овој персонал. На добар дел од овие лица до крајот на годинава има завршуваат договорите за работа.
Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ го подржуваат министерот за здравство Фатмир Меџити кои што деновиве кажа дека на владина седница ќе побара здравствените работници што се под договор на дело да бидат вработени на неопределено работно време. Тој потенцираше дека ако не се стори тоа, ќе останат без овој здравствен потенцијал, оти на добар дел од овие лица до крајот на годинава има завршуваат договорите за работа. Од здружението апелираат дека не е потребна само промена на статусот „договор на дело“, според нив во иднина треба да се укине и веќе да не постои ваков статус на договор, оти во спротивно тие ги пакуваат куферите и заминуваат на работа во странство.
-Здравствениот систем со ваков статус на медицинските сестри е на стаклени нозе, затоа во иднина треба да се продолжи со имплементирање на континуирани конкурси и вработувања, за да нема вакво деградирање на нашата професија. Не може да има договор на дело то трае со години, а кога ќе се објави конкурс се вработуваат лица од надвор- реагираат остро од здружението и прашуваат дали ова е трошка надеж за медицинските сестри?
Тие сметаат дека за сестрите потребен е целосен системски ресет, започнувајќи од образованието па се до вработувањето.Потсетуваат дека сестрите со ваков нерешен статуст ја поминаа најтешката светска пандемија на ковид-19 работејќи секој ден, дежурства без и еден ден одмор.
-Оваа социјална категорија на медицински сестри е конечно на дневен ред, но поважно е да се запрашаме дали ќе се промени овој статус, и ако се промени дали истиот повеќе нема да постои? Или сите овие медицински сестри кои со години работеле во болниците за 12-15 илјади денари ќе бидат сега условени со награда за вработување? Дали со оваа промена ќе биде запишан нивниот минатогодишен труд и дали ќе биде решен недостатокот на медицински сестри? За жал не, одговорот веќе го знаеме, тие веќе се вбројуваат во онаа бројка преку која истакнуваме дека има недостаток од персонал – велат од Здружението за весникот ВЕЧЕР.