Љубовта на италијанската полиција кон суперспортските производи на „Lamborghini“ не е нова, но изборот на приновата е.
„Lamborghini“ не им е непознат на италијанските полицајци. Среќниците кои досега имаа можност да возат „Lamborghini“ можеа да го сторат тоа во „Gallardo“, а потоа и „Huracan“. Најчесто го возеле по автопат, особено во задачите за транспорт на органи за трансплантација. И така веќе 20 години.
Сега во нивните редови пристигна многу поудобниот, но не значително побавен, „Lamborghini Urus“. И не каков било, туку изведба на „Performante“. Тој ќе пристигне на италијанските патишта следната година и ќе се користи „исклучиво за потребите на итен медицински транспорт на органи и плазма“, според „Lamborghini“.
Интересно е што дизајнот на надворешноста во форма на специјални налепници и детали е дизајниран од „Lamborghini centro Stile“. Сино-белата комбинација е надополнета со полициски натписи и ленти во национални бои, секако со рефлективен слој.
Сигналните LED светла се наоѓаат во предниот браник и на покривот, додека кабината е дополнително опремена со медицинска опрема во форма на дефибрилатор и фрижидер.
Да потсетиме, овој автомобил во многу хумана улога го придвижува 4.0 V8 со 666 КС и 850 nm, а 100 km/h достигнува за 3,3 секунди. Максималната брзина е 306 km/h Цената на пазарот е околу 260.000 евра.