Македонските работници кои работат за минималец во Германија од следната година ќе заработуваат повеќе отколку сега, бидејќи германската влада ја усвои одлуката за зголемување на минималната саатница за 35 центи на 9,19 евра од почетокот на следната година, а од 2020. година на 9,35 евра.
Моментално, минималната саатница во Германија е 8,84 евра што значи дека нашите луѓе кои моментално престојуваат и работат во оваа земја месечно инкасираат околу 1.550 евра, под претпоставка дека работат по 176 часа месечно.
После зголемување на минималецот, нивната месечна плата ќе порасне на 1.617 евра, а од 2020. година таа ќе изнесува 1.645 евра.
Во меѓувреме, германскиот министер за финансии Олаф Шолц се заложи таа да биде уште поголема, а соодветниот износ според него би бил 12 евра за час.
Покачувањето на минималецот на почетокот на 2019 година се очекува да го почувствуваат околу 2 милиона луѓе, оценува агенцијата Ројтерс.
Според податоците од германската Канцеларија за статистика, околу 1,4 милони луѓе заработувале минималец во април изминатата година, додека пак 800 илјади луѓе заработувале помал износ од минималецот.