„Овој традиционален рецепт од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните низ целиот Балкан и Источна Европа. Најценетиот вид ајвар е македонскиот“, стои во описот на наградата.
Македонскиот ајвар е избран за најдобро мезе од зеленчук во светот за 2023 година.
Листата ја објави Taste Atlas Awards кои ги доделија наградите во повеќе различни категории.
„Овој традиционален рецепт од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните низ целиот Балкан и Источна Европа.
Најценетиот вид ајвар е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки.
Иако неговото потекло често се оспорува, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор havyar, што значи кавијар“, стои во описот на Фејсбук.
Македонскиот ајвар е оценет со 4.52.
На листата се уште 5 јадења, односно мезиња од зеленчук и тоа специјалитети кои потекнуваат од Хаити, Бугарија и Романија, но тука е и македонскиот пинџур кој се наоѓа на четвртото место, со оценка 4.26.