Студентите од Стенфорд создадоа нов проект за вештачка интелигенција кој има потенцијал да стане „кошмар за приватност“ бидејќи може да ја одреди локацијата каде е направена фотографијата.
Проектот се вика „PIGEON“ (Предвидување геолокации на слики) и е дизајниран да помогне да се пронајдат локациите каде што се направени фотографиите на „Google Street View“. Меѓутоа, кога беа дадени неколку фотографии што никогаш претходно не ги видел, овој модел со вештачка интелигенција успеа да ги пронајде нивните локации со голема точност.
Џеј Стенли од Американската унија за граѓански слободи вели дека ова може да има сериозни импликации за приватноста, вклучително и владин надзор, корпоративен надзор и следење. На пример, владите би можеле да го користат „PAGEON“ за да најдат дисиденти или да видат дали сте посетиле „забранети“ локации.
Се на сè, во погрешни раце, овој вид на технологија може да направи хаос.
Мотивирани од овие грижи, студентите рекоа дека технологијата нема да биде достапна за јавноста, но кога би можеле да направат вакво нешто, единственото прашање е што можат да направат големите компании, на пример, „Google“.
Сепак, оваа технологија може да има и голем број позитивни намени, доколку се користи одговорно, како што е идентификување на места на кои им е потребна работа на патиштата или помагање да планирате одмор. Има и други позитивни употреби, од образование до мониторинг на биолошката разновидност.