Добро е да ги знаете овие корисни совети со кои ќе ја поставите елката на вистинското место во домот.
Целта на елката е да ви го разубави домот и да внесе празнина атмосфера. Ако ја ставите на место на кое ќе ви смета, само ќе се нервирате. Собата со новогодишната елка треба да биде функционална и проодна.
Мала дневна соба
Поставувањето елка во мали станови и дневни соби може да биде вистински предизвик. Во овие случаи, добро е да се избере некое ќоше, така, елката нема да биде на пат, а ќе биде видлива.
Кога ќе одлучите каде ќе ја ставите, измерете колку место имате вклучително и висината. Може да купите и мало дрво кое ќе го поставите на масичка.
Добри места
Поставете ја елката во просторијата каде најмногу престојувате со семејството. Така може да ја ставите покрај прозорец со што би се гледала и однадвор. Тоа ќе ја засили празничната атмосфера.
Лоши позиции
Избегнувајте места во собата кои се во близина на топлина. Тоа го суши дрвото и станува ризик за пожар. Никогаш не ја поставувајте елката на место покрај кое постојано минувате, така ќе го намалите ризикот луѓето или домашните миленици да ги оштетат лампионите.