Од месец март идната година минималната плата која ќе се исплаќа за вработените во Македонија ќе изнесува 22.500 денари. Ова е повеќе од двојно зголемување од минималната плата која беше исплаќана во 2017 година.
За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати, а во 2024 следи ново покачување. Прво се зголеми на 12.000, потоа на 15.200 денари, па на 18.000, а од оваа година таа изнесува 20.175 денари. Растот на минималната плата поттикнува и раст и на останатите плати. Полека се исправа неправдата, работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува. Пред само неколку години минималната плата изнесуваше само 8.800 денари, а околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.
Минималната плата важи за вработените во сите стопански гранки, а со донесеното законско решение, ќе расте секоја година, во март.