Министерството за внатрешни работи информираше дека изминатиот викенд преку граничниот премин „Табановце“ влегле над 34.000 македонски државјани.
Влегле и над 12.000 странски државјани.
Според нивни податоци, во периодот од 22 до 25 декември, во земјава влегле 34.107 македонски државјани, додека пак излегле 7.909 македонски патници.
Во истиот период, влез оствариле 12.830 странски државјани, додека од државава излегле 9.336 странски државјани.