Во интервјуто со Анкица Синадинова Базерко – сопственик на БИОТЕК Лабораторија разговаравме за почетоците на лабораторијата, предизвиците и визијата за во следните пет години, а денес продолжуваме во нашите напори одблизу да им ја претставиме лабораторијата на пациентите и работобарателите.
Кога ќе се спомене лабораторија, првата работа што на сите им паѓа на ум е проверка на крвната слика па затоа решивме интервјуто со Примариус Д-р. Марија Пасху да го започнеме токму со тоа прашање – на колку време е препорачливо да се прави проверка на крвната слика.
Основната (проширена) крвна слика препорачливо е да се прави 2 пати годишно, и секако по потреба при здравствени проблеми“, - вели Примариус Д-р. Марија Пасху за редакцијата на Vrabotuvanje.com.
БИОТЕК е прва специјалистичка молекуларно генетска лабораторија во Република Македонија која е направена по водечки светски стандарди. Ја запрашавме Примариус Д-р. Марија Пасху какви се услуги им нуди БИОТЕК Лабораторија на своите пациенти?
Примариус Д-р. Марија Пасху: БИОТЕК Лабораторија како дијагностичка медицинска лабораторија изработува огромна палета на анализи од областа на медицинска биохемија, микробиологија и молекуларна биологија.
За да се изготват сите анализи потребна е современа опрема па прашавме со каква технологија располага БИОТЕК и што е тоа по што се разликува во однос на другите лаборатории.
Примариус Д-р. Марија Пасху: БИОТЕК Лабораторија располага со најсовремена апаратура и тестови од врвните светски производители. Во нашата лабораторија се работат анализи единствено во Р.Македонија како: prostate health index – PHI, панели за 33 респираторни, 9 гастроинтестинални и 11 дентални патогени, интолеранција на глутен, лактоза и фруктоза, генетска карта за остеопороза и метаболизам на калциум, со Real-Time Multiplex PCR, потоа микробиолошка идентификација на огромен број микроорганизми и одредување на типот на резистенција на антибиотици со анализатор VITEK 2. БИОТЕК Лабораторија претставува ПРВА специјалистичка МОЛЕКУЛАРНА лабораторија направена по водечки светски стандарди. Лабораториите на БИОТЕК се познати по тоа што се опремени со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема, реагенси и софтвери за дијагностика.
Во моментов, БИОТЕК Лабораторија располага со тим од 25 вработени во лабораториите за биохемија, микробиологија и молекуларна дијагностика, како и секторот за маркетинг. Посебно се заинтересиравме за кариерните можности кои ги нуди лабораторијата па ви откриваме дали и како БИОТЕК Лабораторија и помогна на Примариус Д-р. Марија Пасху да се изгради во подобар професионалец.
Примариус Д-р. Марија Пасху: Работата во БИОТЕК Лабораторија ја прифатив од предизвикот формирање и покренување на нова лабораторија и идејата на нашата директорка докторот специјалист да биде во директен контакт со пациентите како консултант пред и по добивање на резултатите. Во мојата долгогодишна работа сум била на работни места кои биле поврзани со настава, избори и реизбори во наставни и стручни звања, едукативни предавања на лаборанти, лекари магистранти, менторства на специјализанти и др. Сите овие активности се подразбира дека налагаат постојана едукација. Медицинската биохемија е комплексна наука – ја опфаќа целата медицина. Во БИОТЕК Лабораторија консултантската работа и директниот контакт со пациенти кои бараат одговори на здравствени проблеми од сите специјалности ме принудува секако и понатаму постојано да читам, да се потсетувам и да учам нови работи од мојата и другите гранки на медицината.
Примариус Д-р. Марија Пасху ни открива и што е тоа што секојдневно ја мотивира да ја работи својата работа и како изгледа нејзиниот работен ден.
Примариус Д-р. Марија Пасху: Мојата работа е да им помогнам на пациентите во изборот на анализи, со претходна анамнеза на нивните здравствени проблеми, да им ги протолкувам резултатите лично или телефонски, при испраќање на резултатите на e-mail адреса ги коментирам истите, препорачувам дополнителни анализи или понатамошни испитувања. Пациентите се многу задоволни, а јас повеќе од нив затоа што имам шанса да работам како доктор, што не беше случај на моите претходни работни места во клиники.
На крај, сакавме да дознаеме за бесплатните консултации кои вработените на БИОТЕК Лабораторија им ги даваат на пациентите.
Примариус Д-р. Марија Пасху: БИОТЕК Лабораторија е единствена дијагностичка лабораторија во која докторите даваат бесплатни консултации. Пациентите сакаат личен контакт со докторот кој ќе ги ислуша нивните здравствени, па и лични проблеми, ќе им помогне во изборот на анализи, ќе им ги објасни резултатите, ќе ги посоветува и ќе им направи контакти со други специјалисти и ќе им даде позитивна психолошка поддршка кога се вознемирени, што е многу често. Пациентите се многу задоволни што нас не прави посебно среќни и исполнети. Освен на пациентите, консултации и објаснувања им даваме и на докторите специјалисти од ординациите со кои соработуваме.
Сакаш да станеш дел од БИОТЕК Лабораторија?