Планирањето на вашата кариера е континуиран процес на поставување на индивидуални професионални цели и истражување на начини за нивно постигнување преку самоевалуација, истражување на пазарот и континуирано учење. Сево ова игра голема улога во успешното управување со вашата кариера.
Се препорачува следење на овие неколку совети со цел да си ја олесните елиминацијата и да имате успех на новото поле.
Самоевалуација
Најпрво разгледајте ги активностите кои сакате да ги правите во вашето слободно време. Вашите хобија можат да ви го насочат патот кон идната кариера. Многу луѓе прават цели кариера од своите хобија и интереси. На овој начин барем ќе бидете сигурни дека ќе го работите тоа што најмногу го сакате. Откријте кои се вашите сопствени интереси, слабости и цели. Поминете некое време на самоевалуација и запишете ги вашите краткорочни и долгорочни цели. Размислете за видот на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот што сакате да го постигнете. Ова е најтешкиот чекор во планирањето на кариерата, но ја поставува основата за следните чекори.
Направете листа на работите кои ги сакате
Промената е константна. Сите ние се менуваме, а со тоа се менуваат и нашите желби и интереси. На пример, нешто што сме сакале да правиме пред две години сега може да ни предизвикува незадоволство. Направете листа на сите оние работи кои ги сакате, на сите оние работи кои не ги сакате и на оние кои ви требаат. Фокусирајте се на позитивните работи од листата и пробајте тоа да го вклучите да биде дел од новата кариера.
Следете го пазарот на труд
Откако ќе ги откриете сопствените интереси и предности, време е да направите листа на прифили за работа кои се усогласени со вашите цели. Откако листата ќе биде подготвена, запрашајте се "Дали ова се совпаѓа со мојот интерес?", "Дали ова ќе ми помогне да ги оставарам моите цели?", "Кој вид на индустрија ми одговара најмногу?", "Каков тип на работа е соодветен за моите квалификации и вештини ?". Темелно истражете го пазарот на трудот, информирајте се за компаниите за кои имате интерес, платата која ја нудат, придобивките, можностите за напредок и слично.
Разгледајте ги сите ваши претходните достигнувања
Кога правите резиме секогаш обрнете внимание на сите ваши претходни достигнувања. На овој начин ќе се преиспитате себеси и вашите одлуки во минатото. Ќе видите каде сте погрешиле, каде сте имале најголеми резултати и на кој начин сте ги постигнале тие резултати. Ова ќе ви помогне полесно да се пронајдете себеси и вашата идеална кариера.
Направете го изборот
Откако ќе ги поминете сите претходни чекори, време е да си стесните опциите. Одлучете се најдобро за онаа позиција која се вклопува во вашите интереси, цели и способности. Се препорачува изборот да го стесните од 2-3 опции. Доколку сте го направиле вашето истражување и евалуација, ќе бидете посигурни во врска со изборот што ќе го донесете.
Креирајте акционен план
Откако целосно ќе го завршите планирањето, време е да креирате акционен план. Во оваа фаза веќе ќе знаете до каде сте и каде сакате да бидете. Кариерниот план треба да биде временски ограничен и практичен за постигнување. Од пишување на вашето мотивационо писмо, до ажурирање на биографијата, детално планирајте го секој чекор. Имајте временска рамка за секоја наредна активност.
Постојано надградувајте се
Информациите секогаш воделе до успех и моќ. Не пропуштајте било каква шанса за да се развиете како личност или работник. Одберете го типот на едукација за кој сметате дека најмногу ќе ви помогне да ги остварите вашите кариерни цели и константо работете на себе. Дури и ако имате успешна кариера пред себе, никогаш не прекинувајте да учите. Тоа ќе направи да можете да држите чекор со секоја наредна генерација на конкуренти.
Планирањето на кариера е доживотен процес. Повремено разгледувајте го вашиот план и ажурирајте го според променливиот пазар. Никогаш не е премногу доцна за да започнете одново. Запомнете дека чим ќе се одлучите за тој чекор, најголемата одлука веќе сте ја направиле.