По либерализацијата на визите од страна на земјите-членки на Шенген зоната, пасошот на Косово се искачи за 90 позиции во Пасошкиот индекс на VisaGuide.World.
Врз основа на ажурирањето на овој индекс за месец јануари, пасошот на Косово сега е рангиран на 98-то место, поместувајќи се од 188-та позиција, каде што беше минатиот месец.
Од 1 јануари 2024 година, граѓаните со биометриски пасоши на Косово можат да патуваат без визи во 44 земји во светот. Дополнително, граѓаните на Косово можат да влезат во четири други земји без пасош, само со лична карта: во Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.
Сепак, на косовските граѓани им е потребна виза за патување во 97 земји низ светот, виза која се добива на граница кога планираат да посетат 32 земји, како и е-виза за 33 земји.
Покрај тоа, владите на 16 земји ширум светот, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Куба, Грузија, Казахстан, Киргистан, Либан, Молдавија, Русија, Сирија, Шпанија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Венецуела, им забранија на граѓаните на Косово да влезат на нивна територија, бидејќи не го признаваат Косово како независна држава.
Овој месец, како и минатиот месец, најмоќниот пасош во светот е оценет оној на Шпанија, а потоа на Германија и Сингапур.