Со доаѓањето на зимата и минусните температури, сушењето на облеката станува голем предизвик. Многу од нас бараат начини како да ја исушат облеката во домот, без да го зголемат трошокот, без да предизвикаат влага или без да заземат премногу простор.
Но, експертите предупредуваат дека една популарна метода може да биде прилично скапа и потенцијално штетна за домот.
Експертите од „Which“ неодамна објавија предупредување за сушење на облеката на радијатор, дури и ако облеката е поставена на сталак прицврстен за радијаторот.
Тие предупредија дека оваа метода може да биде скапа и може да штети на вашиот дом. Според нивното објаснување, радијаторите служат за одржување на температурата во вашиот дом.
Кога ќе поставите студена и влажна облека на радијаторите, облеката станува пречка помеѓу топлината која радијаторите ја испуштаат и температурата во вашиот дом. Радијаторите тогаш ќе работат „прекувремено“ за да го надоместат губитокот на температура, што резултира со зголемување на сметката за греење.
Освен тоа што е оваа метода е скапа и помалку ефикасна од другите начини за сушење на облеката, таа може да биде и опасна по здравјето и да предизвика пожар.
Според познвачите, поставувањето на влажна облека преку радијатор доведува до ширење на влагата во просторијата, која ќе се задржи на ладните површини, како што се ѕидовите.
Таквата висока влажност може да резултира со развој на бактерии и оштетувања, вклучувајќи дамки и отпаѓање на бојата.
Понатаму, тоа може да предизвика здравствени проблеми, посебно кај чувствителните лица како што се децата и постарите. Ако немате друг избор освен да користите радијатори за сушење на облеката, експертите советуваат да го отворате прозорецот кога е можно, посебно ако користите радијатор за сушење на облеката во спалната соба.
Исто така, никогаш не треба да сушите влажна облека на складишни или конвекторски грејачи бидејќи тоа може да претставува опасност од пожар.