Во Хрватска на сила е црвен метео аларм поради ураганските ветрови за регионот на Риека, Кварнер и Велебитскиот канал, а многу патишта се целосно затворени или за одредени категории возила.
Можни се налети на ветар и до 200 километри на час.
Во останатиот дел од земјата важат жолти и портокалови предупредувања, исто така поради бурните ветрови, додека во Славонија, во Загреб и Карловац и на планините, жолт аларм е во сила поради можен снег.
Поради невремето патниот правец А1 меѓу Свети Рок и Поседарје е целосно затворен за сообраќај, додека на повеќе патни правци забраната за движење е на сила за двокатни автобуси, мотоцикли и возила со приколки.