Според Јулијанскиот календар, на 13 јануари православните христијани ќе ја пречекаат Православната или Стара Нова година.
Оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден, а многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава.
На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.
Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.