Се очекуваат исплати од проектот „Мој ДДВ“.
Во текот на јануари 2024 или на почеток на февруари се очекува да пристигнат парите од „Мој ДДВ“ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални.
Станува збор за исплата на повратокот од данок преку проектот „Мој ДДВ“ за октомври, ноември и декември лани.
Управата за јавни приходи(УЈП), парите треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечјето.
Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари.