Пониска просечна плата за скоро 500 денари во ноември во споредба со октомври објави државната статистика. Изнесува 38.359 денари или нешто над 600 евра. Синдикатот пак пресмета дека на едно семејство овој месец му биле потребни скоро 1,000 евра само за да ги задоволи основните потреби.
Намалување на платите имало во дејностите со недвижен имот, рударство и финансиските услуги. Јазот помеѓу најнсиката – минималната и највисоката исплатена просечна плата, според статистика е 73 илјади денари. Вработените во производството на кожа и облека, подготовка на храна, услуги позвразни со одржувење земаат најниски плати - под или над 25 илајди денари. На врвот на листата најплатени работици се програмерите, со над 93 илјади денари, Зад нив се вработените во воздухопловството, скоро 80 илјади , 60 илјади е платата во фармацијата. За власта е добро што растот на платите е поголем од растот на инфлацијата, иако реалната плата, со вклучената инфлација од јануари до ноември пораснала само 4,4 отсто.
- Претходната година до октомври - растот на платите не можело да го следи растот на инфлација. Од октомври до овој момент растот на платите е поголем од растот на инфлацијата, што значи дека сме успеале да го зауваме стандардот на мнозинство граѓани, а дополнително ќе се зголемат и платите во јавниот скетор, изјави министерот за економија.
Не е мал бројот на вработени кои воопшто не зеле плата. Од Синдикатот велат дека скоро 4,000 претставки се поднесени до нив за неисплатена плата, а регрес за годишен одмор не зеле 2655 лица, од кои 2 компании се од јавниот сектор, а 41 од приватниот. Со или без плата, по исти, замрзнати цени граѓаните ќе можат да купуваат до крајот на февруари. До тогаш Бектеши очекува да биде изгласан законот за нефер трговски практики, со кој трговците веќе нема да можат да ставаат енормни маржи на производите и да заработуватаат високи профити.