Германија минатата година беа повлечени од оптек повеќе лажни евро банкноти отколку во 2022 година, објави Бундесбанк (германска Централна банка).
– Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година е зголемен за 28,2 отсто во споредба со 2022 година, што изнесува 56.000 евра, се наведува во соопштението на Бундесбанк.
Вкупната штета предизвикана од употреба на лажни банкноти изнесува 5,1 милион евра. Во исто време најголема штета е направена на банкнотите од 200 и 500 евра преку трговијата со накит, златни шипки, часовници и автомобили.
Банкнотата од 50 евра и натаму е најпопуларна меѓу фалсификаторите. Дури 38 отсто од сите запленети фалсификувани банкноти се банкноти од 50 евра. После тоа доаѓаат банкнотите од 20 евра.
Монетите од две евра се меѓу најчесто фалсификуваните монети.
Бундесбанк посочува дека и покрај зголемувањето на бројот на запленети банкноти, фалсификувањето пари сè уште е на ниско ниво.
Според податоците на Европската централна банка (ЕЦБ), во 2023 година биле откриени 467.000 фалсификувани евро банкноти, што е за 24 отсто повеќе од 2022 година.