Британската влада ја забранува продажбата на електронски цигари за еднократна употреба. Целта е да се спречи лесната достапност до децата....
Британската влада ја забранува продажбата на електронски цигари за еднократна употреба. Целта е да се спречи лесната достапност до децата.
„Севкупно, ова е силен сет на мерки за да можеме да го подобриме здравјето на нашите деца. Тоа е вистинската долгорочна работа за земјата“, изјави Риши Сунак, премиер на Велика Британија.
Според новите овластувања, ќе има ограничувања за вкусовите на „вејповите“, барање за обична амбалажа и промени во начинот на нивното прикажување за да ги направат помалку привлечни за младата популација.