Aртичоката можеби е потешко да се најде, но вреди да се потрудите, затоа што нутриционистите ја сметаат за најблагородна билка, која речиси не се променила уште од античко време.
Таа е вистински деликатес, диетална и богата со витамини и минерали. Содржи најмногу манган, калиум, фосфор, калциум, натриум, сулфур и магнезиум, додека меѓу витамините доминантен е витаминот Ц, провитаминот А и витамини од групата Б.
За нејзиниот малку лут и горчлив вкус заслужна е танинската киселина. Од артичоката се користи само цветот кој се наоѓа на врвот на зеленото стебло со лисја. Има мала енергетска вредност и речиси занемарливи количини на маснотии и протеини.
Кога станува збор за лековитоста, артичоката е важна затоа што го регулира холестеролот во крвта, го потикнува согорувањето на мастите, го подобрува варењето и го олеснува црниот дроб задолжен за прочистување на крвта. Ја поттикнува функцијата на бубрезите, ги поттиснува цревните инфекции и ја намалува количината на уреа во крвта. Корисна е за дијабетичари, затоа што е сиромашна со шеќер.
Артичоката единствено треба да ја избегнуваат доилките, бидејќи негативно влијае на лачењето на млеко, но и лицата со чувствителни стомаци, со оштетен црн дроб или бубрези.