Ако патувате во Германија со роднини или пријатели, или деловните интереси ве носат таму, голема е веројатноста дека ќе наидете на ваков знак на столб од улична светилка.
Lanternenring, или црвена лента со бела граница залепена околу светилник, е еден од најстарите сообраќајни знаци во Германија – тој е споменат во Правилникот за патен сообраќај (StVO) од 1937 година и важи и денес. Се поставува на висина од 150 до 180 см. Тој покажува на уличните светилки во населбите кои не горат цела ноќ. Белите букви во дебела црвена лента може да се користат за означување кога светилката е исклучена, според „HAK“.
Што значи ова за возачите? Ако го паркирате вашето возило на неосветлено место, а вашето возило исто така не свети (што е нормално, кој ќе ги држи светлата вклучени цела ноќ), можете да очекувате да покриете барем дел од трошоците во случај на несреќа, т.е. ако возач го удри вашето паркирано возило, нема да биде 100 проценти одговорен за несреќата. На такви места мора да биде осветлена само страната на автомобилот свртена кон патот…
Мртов акумулатор или соучество во сообраќајка, прашањето е сега?! Овој знак го има и во сообраќајните прописи во Австрија.