Првата фабрика за производство на брашно од инсекти е основана во Италија.
Таа е отворена во регионот Марке во централниот дел од државата, и покрај противењето на министерот за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида.
Хосе Франческо Џани, извршен директор на Nutrinsect, за државната агенција АНСА изјави дека со ова „се отвора ново поглавје во историјата на прехранбената индустрија“.
Во Службениот весник од 29 декември е објавено правило кое дозволува брашно направено од штурци, ларви од Tenebrio molitor (брашнаст црв) и ларвите на сјајната црна пченична мувла (Alphitobius diaperinus) во Италија.