Пензиската реформа со која се зголемуваат придонесите за 0,5 проценти, и сите родени до 1967, а вработени по 2003 година ќе бидат префрлени во првиот столб, нема да доведе до стабилизација на ПИОМ.
Меѓународниот монетарен фонд предлага зголемување на возрасната граница за пензионирање.
Од друга страна, од Фондот велат дека потребно е да се разгледаат и дополнителни мерки, како што се порестриктивни услови за предвремено пензионирање.
-Предложените пензиски реформи, кои вклучуваат повисоки придонеси, реиндексација на придобивки и мерки за подобрување на рамноправноста меѓу учесниците во двата столба, ќе го намалат пензискиот дефицит на среден рок.
Иако проекциите за растот за следната година на Владата се 3,2 отсто, ММФ предвидува 2,8 проценти и понатамошно зголемување на 3,5 на среден рок.
ММФ очекува дека годинава буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,6 отсто од БДП, а јавниот долг 50,5 отсто од БДП. Фондот препорачува постигнување нула примарен дефицит на среден рок за јавниот долг да почне да се намалува.
ММФ ја потврди и стабилноста во банкарскиот сектор.