Колони возила чекаат на граничниот премин „Табановце“ за влез во Србија. Граѓаните велат дека се чека и по повеќе од еден час. На фотографиите и видеата кои ги испратија читатели до редакцијата на Макфакс се гледа дека сите ленти се преполни со возила.
Гужвите најверојатно се должат на фактот што ова е претпоследен викенд за поминување граница со стари документи без „Северна“, а веќе од 12 февруари, граѓаните кои немаат документи со новото уставно име, нема да може да излезат од државата.
Дека станува збор за километарски колони, видливо е и од алатката Google Maps.
На фотографиите кои пристигнаа до редакцијата на Макфакс, видливи се и неколку кучиња скитници кои слободно се движат помеѓу возилата, со што е загрозена и нивната безбедност.