Интерактивната Travel Risk Map за 2019 година ги открива најбезбедните и најопасните земји за патување.
Во предвид се земени безбедноста на патиштата, безбедноста на луѓето и слични работи.
Кога станува збор за Македонија, рангирани сме како земја од среден ризик кога станува збор за медицински, здравствен ризик, низок ризик кога станува збор за безбедноста при патување и низок степен за безбедност на патиштата.
Финска, Норвешка и Исланд се оценети за најбезбедни места. Кога станува збор за здравјето, најмалку безбедни земји се африканските како Јужен Судан, Нигер, Брегот на Слоновата Коска и Сиера Леоне. Ирак е обележан како земја со висок ризик кога станува збор за здравјето, заедно со Либан, Венецуела и Северна Кореја.
Држави со најнизок ризик по здравјето се европските држави, но и Канада, САД, Нова Зеланд и Јапонија.
извор: фактор.мк