Бришењето прашина во домот за многумина е предизвик бидејќи одзема многу време и енергија. Токму затоа е важно редовното чистење на домот.
За детално да ја избришете прашината, најпрвин мора да ги отстраните сите предмети од полиците, па да го пребришете секој предмет одделно и да го вратите на место.
Малку заморно, нели? Можеби и не толку колку што е моментот кога ќе погледнете како на штотуку пребришаната површина повторно има насобрано прашина.
За среќа, постои решение за ова, спреј кој може да го направите дома.
Потребни состојки:
- половина лажичка маслиново масло
- половина кафена шолја вода
- неколку капки детергент за миење садови
- 1 лажичка алкохолен оцет
- 10 капки етерично масло од лимон
Во сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ги. Течноста што ќе ја добиете префрлете ја во сад со распрскувач. Спрејот испрскајте го на чиста крпа од микрофибер и пребришете ја саканата површина.
Благодарение на ова домашно средство за чистење поретко ќе бришете прашина и подолго ќе уживате во чистотата на вашиот дом.