Според последните официјални податоци, најголема просечна плата во регионот има Словенија, а најниска во Македонија.
Според најновите податоци на словенечкиот Статистички завод, проселната месечна нето плата во оваа земја во август годинава изнесувала 1.082 евра. И тоа е единствена плата во регионот чиј износ е над 1.000 евра.
По Словенија следува Хрватска, каде во август проселната плата била 6.264 куни или 843 евра.
Следна е Црна Гора каде според последните податоци на Монстат, проселната заработка без даноци и придонеси во септември била 512 евра, што е за 0,2 отсто повеќе отколку во август.
Најниски просечни плати во регионот имаат Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Имено, според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, проселно исплатена нето плата за вработените во БиХ за септември изнесува 877 КМ или 448 евра, што покажува номинален раст за 1,7 отсто во однос на декември 2017 година.
Според Републичкиот завод за статистика на Србија, проселната плата без даноци и придонеси (нето) пресметана во август годинава, изнесувала 49.773 денари, односно 421 евро.
Последните статистички податоци од Заводот за статистика на Македонија покажуваат дека проселната плата во Македонија во август годинава изнесувала 24.210 денари или 393 евра.