На социјалните мрежи е објавено видео во кое се објаснува зошто полнењето на мобилни телефони на аеродром не е безбедно.
Туристичка агенција објави кратко видео со кое ги предупредува патниците да ги избегнуваат приклучоците за полнење телефони на аеродромите бидејќи претставуваат ризик за сајбер безбедноста.
Видеото ги објаснува опасностите од користењето на аеродромски полначи за патниците.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!
- Не го ставајте телефонот таму, не ги полните таму. Ќе зажалите – предупреди вработен во агенцијата.
Таа рече дека ФБИ издало тревога за станиците за полнење на аеродромите и открило дека тие се т.н. „juice jacking“, кои всушност се сајбер напади преку USB-портот за полнење со цел пристап до податоци.
- Хакерите користат USB порти на аеродромот и станицата за да ви ги украдат податоците. Забавно, нели? – вели жената на видеото.
Американската федерална комисија за комуникации (FCC) објасни како хакерите можат да постават малициозен софтвер на јавни USB станици за полнење за да пристапат до електронски уреди додека телефоните се полнат.
- Криминалците потоа можат да ги користат тие информации за да пристапат до онлајн сметки или да ги продаваат – изјавија експертите во оваа комисија.
Во видеото на TikTok, туристичката агенција им препорачува на патниците на аеродромот да користат батерии и преносни полначи наместо станици за полнење. На овој начин тие ќе се осигураат од хакерски напади и ќе ги заштитат своите податоци.
Друг начин за безбедно полнење на вашите уреди без ризик од хакери е наведен во коментарите под видеото.
- Можете да користите приклучоци за струја со основа за полнач или да добиете USB кабли само за напојување кои немаат податочни пинови – напиша еден корисник.