Почитувани корисници,
Овие денови сме сведоци на пречеста понуда на сезонски работни места и регрутирање на кадар за работа во угостителство, градежништво, но и во други области.
А последниот *случај на жена од Охрид која за 5.000 евра била измамена со ветување дека ќе и биде најдена работа е крајно загрижувачка!
*веста можете да ја прочитате на следниот линк*
Би сакале да ви укажеме да бидете крајно внимателни при стапување во контакт со агенции или интернет понуди кои нудат вработување во земјава, а посебно во странство.
Првиот знак дека станува збор за нелегални агенции е БАРАЊЕТО ПАРИ од вас лично за да ви ја најдат работата.
Тоа според македонскиот закон за посредување е ПРОТИВЗАКОНСКИ!
Имено според член 2 од законот за Агенции за посредување при вработување, Агенцијата може да побара надомест исклучиво од работодавачот.
Затоа ве повикуваме да бидете крајно внимателни при пoнудата на работни места.
Ве известуваме дека на нашиот сајт за сите сезонски работни позиции, работа во странство или во домашни компании, аплицирањето и регрутирањето е бесплатно и е директно кај работодавачот без посредници и без надоместоци.