Меѓу бројните производи и технологии кои компанијата Honor ги претстави на годинешниот Светски мобилен конгрес (MWC) во Барселона, една од работите кои посебно паѓаат во очи е концептот на управување на автомобил со екранот од телефонот без користење на рацете, опција која е достапна на телефонот Honor Magic 6 Pro.
Оваа опција ја разви Џејмс Брајтон, британски експерт за автомобилски инеженеринг, со цел да им овозможи на корисниците интеракција со возилата без потреба од физички контакт, користејќи напредни можности на вештачката интелигенција во телефони подобрени со D Time-of-Flight (ToF) сензор поставен во екранот на телефонот.
Благодарение на тој сензор и на вештачката интелигенција, корисниците можат со поглед да го стартуваат или да го изгаснат моторот на автомобилот, па дури и да управуваат со автомобилот напред-назад така што ќе гледаат во правец на некоја од опциите кои се покажуваат на екранот.
Како функционира тоа можете да видите од видеото во прилог.
Технологијата на Honor за следење на очите е само прототип и засега е ограничена на Кина, но е доказ за големите можности на интеграцијата на паметните телефони и автомобилите.