Награда од 2.500 евра нуди семејство од Скопје, чиј папагал Шер, од видот ара, се изгубил пред четири дена, а последен пат е виден во скопската населба Волково, близу картингот.
Сопствениците имаат и упатство, околу тоа доколку некој ја забележи, како да ѝ пријде без да ја исплаши или повреди. Повикајте ја, питома е, нема да ве касне. Пружете ѝ рака, не дланка и покажете ѝ трпение, ќе дојде. Не ѝ приоѓајте со пешкир или ќебе и не ја фаќајте за врат од напред. Ако ви застане на рака внесете ја на затворено. Ако морате да ја фатите со раце тогаш фатете ја позади за вратот без стискање или на грбот“, објаснуваат од семејството. Секој кој има информација за Шер, може да се јави на мобилниот број на сопствениците 076 302 321.