Изненадување за своите патници!
Авиокомпанијата „Визер“ ги намалува цените на дополнителните производи, услуги и надградби, правејќи го летањето подостапно од кога било досега. Оттаму информираат дека само за одреден период, патниците можат да ја искористат оваа неповторлива можност да уживаат во премиум поволности по неверојатно ниска цена.
– Без разлика дали сте патник штосака да го подобри своето патување или спонтан истражувач кој бара луксуз, оваа промоција е приспособена за вас. Се однесува за сите патници – без разлика дали веќе го резервирале билетот или се прави нова резервација – може да уживаат во врвно патничко искуство за само малку пари. Замислете го ова: чекирани куфери, Виз приоритети и избор на седишта за неверојатни 9 евра за секое од нив – велат од компанијата.
Оваа понуда важи само за патувањата пред 26 март 2024 година.