Србија очекува да привлече огромна работна сила од Македонија и од Албанија.
Нашиот северен сосед се подготвува да им ја отвори вратата на работниците од Македонија и од Албанија, со цел да привлече квалитетна работна сила и да ја засили својата економија.
Оваа иницијатива е резултат на Отворен Балкан, кој овозможува слободен пристап до пазарот на труд помеѓу земјите на Западен Балкан.
Имплементацијата на системот за заеднички работни дозволи помеѓу Србија, Македонија и Албанија официјално ќе започне од денеска – 05 март 2024 година.
Граѓаните кои сакаат да аплицираат за работа во некоја од овие земји ќе треба да извадат идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID).
Процедурата вклучува креирање на електронски идентитет на националниот Портал за е-управа, а потоа поднесување на барање за слободен пристап до пазарот на труд. Одговорот ќе биде даден во рок од 30 дена.
Србија, Македонија и Албанија се надеваат дека оваа иницијатива ќе придонесе за подобро економско соработување во регионот.