Автентично осумдневно патување низ Македонија нуди „Чуз Балканс“ (Choose Balkans), еден од водечките туроператори за дојдовен туризам во регионот Адрија. На потенцијалните странски гости Македонија им се нуди како земја со прекрасни национални паркови и места со богато културно наследство.
„Посетете го главниот град, восхитувајте им се на впечатливите манастири и цркви, напијте се од вкусните вина, прошетајте по старите чаршии, уживајте во убавините на Охрид и на Охридско Езеро заштитени од УНЕСКО“, пишува во промотивниот текст.
Аранжманот за група од десетмина чини 1.730 долари по лице. Организаторот нуди и приватна тура за самци доколку сте подготвени да платите 4.260 долари.
Во овие цени се пресметани комплетниот транспорт, сите ноќевања со појадок и туристичките такси, како и влезниците за културно-историските знаменитости, за кои е обезбеден професионален водич.
Линк до целиот текст: mk.bloombergadria.com