
Мију Коџима од Јапонија има многу необична работа.
На местото каде работи мора да отиде тим од шест луѓе.
Таа заработува одлично, но е задолжена да чисти станови на покојни луѓе.
Девојката е 24 годишна и е најмлада во компанијата To Do. Воедно таа е единствена жена во компанијата.
Овој феномен е чест во Јапонија затоа што имаат стара популација.
„Воглавно ги чистам куќите и становите каде се случила „самечка смрт“- вели таа.
Со оваа работа се занимава веќе две години, завршува со обврски до 15 часот и заработуваат како тим од 2.500 до 4.200 евра.