Електрода Загреб д.д. низ своето 75-годишно постоење, се позиционираше како водечка фабрика за дополнителни материјали за заварување во овој дел од Европа. Инвестираме во модернизација на опрема, обука и едукација, како и во научна и истражувачка работа. Основата на нашиот бизнис е секогаш зголемувањето на квалитетот, кој се заснова на аналитичко истражување на пазарот, развиена развојна и деловна политика, се со цел задоволување на потребите на пазарот и клиентите.
Место на работа: ЗАПРЕШИЌ (ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА)
Со цел понатамошен развој на нашиот бизнис, вработуваме:
Токар во производство (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање
Електричар во производство (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање
Што Ви нудиме?
- Стабилна, брзорастечка компанија со 75 годишно искуство и повеќе од 90 вработени
- Конкурентна плата (атрактивна почетна плата повисока од просекот на пазарот на труд, која брзо ќе расте во зависност од работата и мотивацијата)
- Бонуси, награди и стимулации (месечен нето стимул за работни резултати и присуство, квартални и годишни бонуси и награди според резултатите од работата и специјални награди по повод Велигденските и Божиќните празници и пред летниот распуст)
- Договор за вработување на неопределено време со пробен рок од 3 месеци
- Полно работно време од понеделник до петок
- Платен нето надоместок за трошоци за храна
- Платени нето трошоци за јавен превоз
- Повеќе денови на одмор и платено отсуство (наша практика е колективниот летен и зимски одмор)
- Слободни денови или платено отсуство во посебни ситуации (на пр. свадба, раѓање на дете итн.).
- Сместување за нашите работници кои доаѓаат да работат кај нас од странство
- Добар тим од различни профили и возрасти, отворена работна средина каде секој се чувствува како дел од тимот