Инстаграм и Фејсбук паднаа по втор пат за една недела, оставајќи милиони корисници исклучени од нивните сметки.
Многубројните корисници низ Европа, вклучително и оние од Македонија, имаат потешкотии да се логираат на овие социјални мрежи.
Апликациите, управувани од Мета, последен пат беа исклучени речиси три часа на 5 март.
На веб-страницата на Down Detector има илјадници извештаи дека апликациите не работат правилно.